Македонија

За 24 часа во Скопје хоспитализирани 50 лица

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1720 пациенти со Ковид-19. Има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало седум примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен  нов болен, а шест пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има пет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 35 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-9. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид – центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

ANIMEFLIX animeflix ponyo: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12

AnimeTV free anime tv shows: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1