November 16, 2019 03:43
Скопје

За 10 дена отстранети 433 непрописно паркирани возила 

Во текот на изминатите 10 дена (30.09 – 09.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 433 возила од јавните површини.  Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 64 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 369  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  685 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 64 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

Нови вести

Град Скопје: Подготвени сме за зимското одржување на улиците, обезбедени се 6.000 тони сол

Filip

Општина Карпош ќе финансира во поздрава животна средина

Filip

Богдановиќ: Претходно граѓаните реагираа зошто не ги менуваме црешите, сега се бунат зошто го правиме тоа

Igor