June 26, 2022 23:18
Балкан

За Хрватска изборните реформи во БиХ се неопходни

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман повторно во Брисел се заложи на нов обид за спроведување на изборната реформа во БиХ, бидејќи, како што рече, сегашниот Изборен закон не гарантира еднаквост на конститутивните народи, што не е добро за стабилноста на земјата.

„Во БиХ сè уште немаме изборен закон кој гарантира еднаквост на трите конститутивни народи и на другите, а тоа не е добро за стабилноста на земјата. Мора да направиме уште еден обид за спроведување на изборната реформа, бидејќи тоа е патот до кандидатски статус“, изјави Грлиќ Радман по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, пренесува „Хина“.

Според хрватскиот министер, мора да се испрати силна порака до земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Унијата, пред сè да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија и да се постигне напредок во врска со визната либерализација за Приштина.

hướng dẫn nạp tiền go88 go88 chơi trên web go88 play go88

Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN