April 8, 2020 14:29
Балкан

За учениците во Република Српска бесплатен пристап до интернет

Со цел подобрување на учењето од далечина и обезбедување еднакви услови за сите ученици, компанијата „М:тел“ ќе обезбеди бесплатен пристап до интернет-порталот за радио-телевизија на Република Српска (www.rtrs.tv) за сите ученици од основно училиште кои ја следат наставата на далечина преку овој портал.

Доколку учениците пропуштат некој од своите часови, може да ги најдат на порталот, каде што целата наставна содржина е достапна за учениците од прво до деветто одделение од основното училиште. Пристапот до порталот може да се реализира со употреба на мобилни телефони на учениците или на родителите (доколку учениците немаат мобилен телефон), а интернет-сообраќајот за пристап до порталот ќе биде целосно бесплатен за корисникот (надвор од квотата на платен мобилен интернет ако го има).

За сите ученици што во моментот немаат пристап до интернет и се бара да го следат учењето од далечина, што се спроведува од 23 март 2020 година, ќе се обезбеди бесплатен мобилен интернет, со цел успешно следење на овој вид настава, т.е. пристап до платформите за учење преку интернет и каква било комуникација со наставниците. На секој средношколец ќе му се даде 15 ГБ бесплатен мобилен интернет секој месец.