June 19, 2019 03:21
Македонија

За три месеци најдени и уништени 62 тони небезбедна храна по маркетите и рестораните

Приближно 62 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во април годинава во рамки на спроведените 6.814 инспекциски надзори, дознава 24 инфо. Од нив најголемиот дел (4.945) се редовни, 446 контролни и 1.423 вонредни контроли.

За утврдените недоследности со контролите, изречени се вкупно 786 инспекциски мерки, односно донесени се 564 решенија, 193 едукации, изречени се две парични казни и поднесени се 8 прекршочни пријави.

Официјалните ветеринари на граничните премини, во април годинава извршиле контрола на 5.342 пратки од увоз со 60.493.516 килограми храна од животинско потекло и живи животни. Вратена пратка од увоз како небезбедна во овој временски период е само една, и тоа путер, по потекло од Украина, заради потекло од објект кој не е на листата на одобрени. Уништени пратки нема.

Инспекторите за храна на граничните премини извршиле контроли на 2.861 пратки со 31.429.396 килограми храна од неживотинско потекло. Во април годинава, нема вратени/уништени небезбедни пратки со храна од оваа категорија. Во истиот временски период извршени се и 601 контроли на пратки со 5.574.972 килограми предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Забранети или уништени пратки од оваа категорија производи од увоз во истиот временски период нема.
За извоз на храна од животинско потекло во април годинава издадени се 348 сертификати, а за пласман на храна од неживотинско потекло на странските пазари издадени се 235 сертификати.

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, од јануари до март спроведоа вкупно 16.578 инспекциски контроли во внатрешниот промет, при што за констатираните недоследности изрекоа вкупно 1.769 мерки. Како небезбеднa инспекциските служби на Агенцијата и операторите, во првиот квартал од 2019 година нештетно уништија 68.806 килограми храна.

Официјалните ветеринари на граничните премини, во првиот квартал извршиле контрола на 3.980 пратки храна од животинско потекло од увоз, а инспекторите за храна спровеле контрола на 10.847 пратки со храна од неживотинско потекло и 2.709 контроли на пратки со предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храната.

Валентина Ангеловска

Нови вести

Усвоен нов, поефикасен и поевтин систем за заштита од град

Filip

ЛДП менува пратеничко за министерско место

Filip

Амбасадорот Филипов назначен за координатор на експертската група за трговски марки

Filip