December 5, 2022 18:55
Скопје

За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 2.600 денари за парно греење

32.000 денари годишно за стан од 60 квадрати во Скопје

Цената на парното греење во македонската метропола се одредува по квадрат. Колку е поголема грејната површина, толку ќе биде повисока и месечната сметка за затоплување. На цената влијае и бројот на приклучени корисници кон системот за централно затоплување како и бројот на корисници во еден станбен објект.

Според калкулаторот поставен на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 2.691 денар или 43 евра месечно, односно 32.301 денар годишно или 525 евра.

Најголемиот број корисници плаќаат парно греење 12 месеци. Во оваа цена е вклучен и данокот на додадена вредност од пет отсто. Последното поскапување на парното греење во Скопје од 14,18 отсто е од август 2022.

Околу 60.000-70.000 домаќинства во Скопје се приклучени на системот за парно греење.