June 28, 2022 07:24
Скопје

За седум дена санкционирани 202 непрописно паркирани возила во Центар

  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 09.05. до 15.05.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 74 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

 

mod go88 nhóm kéo go88 go88 pro

không tải được sunwin