July 17, 2019 12:58
Живот

За ревитализирање на телото конзумирајте сок од цвекло

Цвеклото е исклучително здрав зеленчук, но поради вкусот многумина го избегнуваат. Ви претставуваме неколку важни причини поради кои сокот од цвекло е толку здрав и токму поради нив треба да го засакате и што почесто да го пиете.

1. Сокот од цвекло го содржи пигментот беталаин кој има антиоксиданси и противоспалителни својства. Благодарение на таа состојка сокот од цвекло го спречува оштетувањето на клетките и ги отстранува слободните радикали од телото.

2. Ако имате дигестивни нарушувања, редовно пијте сок од цвекло. Истражувањата покажаа дека сокот од цвекло ги чисти цревата, и помага тие да функционираат правилно.

3. Благодарение на каротеноидите како што се зеаксантин и лутеин, сокот е цвекло е добар и за здравјето на очите.

4. Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија, така што му помага на вашето тело подобро да реагира при вежбањето.

5. Една чаша сок од цвекло на ден го намалува крвниот притисок.

6. Сокот од цвекло ќе го зголеми нивото на железо во крвта. Освен железо, сокот од цвекло содржи и антиоксиданти кои нивото на хемоглобин ќе го одржат на нормално ниво. Железото во сокот ја подобрува и циркулацијата.

7. Сокот од цвекло го зголемува имунитетот, па вашето тело побрзо и полесно да се избори со инфекциите.

8. Благодарение на магнезиумот кој го содржи, сокот од цвекло помага и при ублажување на стресот.

Нови вести

Најнесреќниот маж на светот: Пајак два пати го гризна за пенисот на исто место!

24news

Мистерија: Двојка грабна девојче, а потоа ги најдоа удавени: Малечката ја бара цела Кина, никој не знае каде е

24news

Рускиот милјардер ја пронашол мртва својата ќерка во Лондон: Новата дрога талентираната виолинистка ја плати со животот

24news