Македонија

За нови уставни судии ВМРО-ДПМНЕ го предлага Климовски, СДСМ Јовески

Во Собранието денеска се одржува седницата на Комисијата за избори и именувања на чиј дневен ред е предлагање нови уставни судии. Иако се уште официјално партиите не ги открија своите фаворити за уставни судии, медиумите шпекулираат со имињата кои ќе бидат предложени за испразнетите места во Уставниот суд.

Актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески,Татјана Васиќ, државен советник во Министерството за правда и Фатмир Скендер, актуелен судија и поранешен секретар на општина Центар Жупа ќе бидат предложени од СДСМ за членови на Уставен суд .

ВМРО – ДПМНЕ има шест предлози, професорите Саво Климовски, Родна Живковска, потоа Бранко Секулоски, поранешен судија и претседател на Основниот суд во Гостивар, Весна Јовановска, судијка во Управен суд и Тодор Витларов, обвинител од Штип.

Уставниот суд со месеци е блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска неколку пати апелираше до Собранието да избере судии. Таа дури и преку писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери побара во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии за да не дојде до целосна блокада на Уставниот суд, откако и на судијката Вангелина Маркудова ќе и истече мандатот до крајот на годинава.

Во мај минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски.

Кадровскиот недостиг во Уставниот суд, повлекува одложување на расправите, а имаше застој и во одлучувањето, за 11 предмети меѓу кои и за законите за Јавното обвинителство, за високото образование и за додатоците на пратениците, како и за Деловникот за работата на Владата.

watch subbed anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime to watch Attack on Titan Final Season

watch animes World's End Harem

That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 17

anime online Record of Ragnarok

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc