April 11, 2021 11:11
Македонија

За еднa неделa 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти

Во периодот од 11-ти до 17-ти јануари, од страна на седумте инспекциски служби, се спроведени вкупно 4.817 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Во истиот период, се забележува намалување на бројот на издадени решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од коронавирус.

Во изминатите седум дена Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и според материјалните закони. При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за две угостителски објекти во Скопје и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Во периодот од 11-ти до 17-ти јануари, Инспекторат за транспорт изврши 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: три прекршочни пријави и едно решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена изврши 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и четири прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон  се издадени четири ППН заради неносење на заштитна маска на работно место.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 318 надзори, при што издадени се 16 решенија,  24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување  по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 37 надзори. Притоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа девет решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субјекти од Радовиш, Струмица, Ресен и Општина Илинден.

Согласно епидемиолошките насоки, од утре стапува на сила новото работно време за угостителските објекти до 21 часот. Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензинските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети. Инспекциските служби и во следниот период ќе продолжат со интензивни контроли на терен во делот на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони.

I'm standing on 1,000,000 lives. (Dub) (https://gogoanime.be/m/Nnkl) Episode 10 at website https://gogoanime.be. See more go go go anime

Watch Horimiya Episode 1 (https://funimationfree.com/m/8G6P/ep-1) at Funimation funimation down