March 5, 2021 05:38
Скопје

За една недела во Центар санкционирани 209 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 209 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 11.01. до 17.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 107 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

 

 

 

 

Naruto: Shippuden Episode 500 at website https://gogoanime.be. See more boku no hero academia season 4 gogoanime

Watch Case Closed Episode 865 at website https://animefreak.ws. See more anime freak one piece