August 2, 2021 21:38
Балкан

За еден ден 120.000 барања за „Freedom pass” од вакцинирани млади Грци

Само еден ден по отворањето на платформата за „Freedom pass” веќе се пријавиле 120.000 вакцинирани млади Грци на возраст од 18 до 25 години, кои ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку „Твитер” соопшти дека се доставени 120.000 барања и паралелно, ги повика младите да се вакцинираат.

-Биди и ти дел од големиот национален обид за заштита на јавното здравје. Закажи термин за вакцинација, напиша Мицотакис.

На крајот од минатиот месец беше соопштено дека Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass” односно електронска припејд картица што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности.

Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или пак да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.

Website https://animepahe.cc: Watch Ushio and Tora (Dub) animepahe Episode 10 watch anime online

AniWatch: SHIMONETA: A Boring World Where the Concept of Dirty Jokes Doesn't Exist anime episode 12 online free at https://aniwatch.pro watch animes

Website https://animedao.nl: Watch Kagaku Ninja-tai Gatchaman (Movie) (Dub) animedao Episode Full animedao mobile

Play: https://www.play.fm/gogoanimelol

Uid: http://uid.me/animefreakws

Triberr: https://triberr.com/animeflixnl