August 25, 2019 09:23
Свет

За денешните протести француската Влада мобилизира 60.000 полицајци

Француската Влада мобилизираше 60.000 полицајци од целата земја поради денешните протести на „жолтите елеци”.

Од движењето на „жолтите елеци” велат дека несогласувањето со францускиот претседател Емануел Макрон не е неспоиво со тагата која Франција ја чувствува поради пожарот во кој значително е оштетена катедралата Нотр Дам.

Париската полиција предупреди дека нема да дозволи протести во близина на авенијата Шанзелизе и Нотр Дам.

Според последните анкети, мнозинството Французи го поддржува движењето на „жолтите елеци”, иако симпатиите за движењето се помали во однос на претходната година.

Француските медиуми објавија дека кај демонстрантите има негодување и поради високите суми кои се дадоа за обнова на катедралата.

Нови вести

Џонсон нема да и плати на ЕУ 30 милијарди фунти

Daniela

Бразилската армија се распоредува за ганење на пожарите во Амазонија

Daniela

Водени топови за демонстрантите против средбата на Г7

Igor