February 19, 2020 04:07
Спорт

За гостинските навивачи на натпреварот Македонија – Косово ќе се грижи косвската полиција

Македонската фудбалска репрезенатција на 26 март во Скопје на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе игра еден од најзначајните натпревари во својата историја од осамостојувањето, во полуфиналето од Лигата на Нации со Косово, преку кој може да стигне на само еден чекор до завршницата на ЕП-2020.

Во еден меч ќе биде одлучено која селекција, македонската или косовската ќе играта во финалето со подбриот од Грузија и Белорусија за пласман на завршниот турнир од континеталниот собир кој ќе се игра во 12 градови ширум Европа. Токму поради заначањето на натпреаврот, како и ривалитетот на трибините меѓу навивачите преземени се безбедносни мерки за беспрекорна организација за одигрување на истиот. Во оваа акција за натпреварот Македонија – Косово во полуфиналето од Лигата на Нации покрај домашната полиција ќе биде вклучена  и косовската која ќе се грижи за гостинските навивачи од нивното влегување во земјава, на самиот натпревар, па се до заминувањето.

Ова е договорт кој го постигнале македонската и косвската полиција, а информација ја соопшти директорот на полицијата на Косово, Рашид Ќалај.

Косовската полиција ќе биде задолжена за навивачката група „Дарданет“ на која најавија дека ќе и се придружат и најверните поддржувачи на тетовска Шкендија со кои неодмана обелоденија дека постигнале договор за заедничко навивање. Полицијата ќе биде меѓу овие навивачки групи.