December 7, 2022 21:40
Македонија

За ВМРО-ДПМНЕ е бесмислено да се даде поддршка за граѓаните во време на криза

Реакција на прес-конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ е бесмислено да се откаже од блокада и да даде поддршка за законите важни за граѓаните.

Над 50 закони со месеци се закочени во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е неодговорно во време на криза.

Огромен дел од овие законски измени се важни за последиците од кризата да бидат пребродени што поефикасно и со што помалку штета врз граѓаните, врз стопанството и врз енергетскиот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ има можност да се престрои на страна на интересите на граѓаните, конечно да покаже одговорност и да се вклучи во процесите наоѓање решенија за излез од кризата.

Ниту државата, ниту стопанството, ниту граѓаните, немаат време за губење, ВМРО-ДПМНЕ да престане со блокадите на македонското Собрание, да се обезбеди ефикасност во носење на законите и поддршка на клучните закони за енергетската криза.