August 15, 2022 22:02
Uncategorized

За брзо возење 71 казна на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера во акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес казни 71 возач за возење со брзина поголема од дозволената.

– Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.

На територијата на СВР Тетово вчера се санционирани 75 возачи од кои 24  ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

МВР соопшти дека вчера од 14 до 20 часот спроведена е  зајакната акциска контрола и на територијата на ОВР Гостивар за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што се кзнети 52 возачи.

Од нив, 32 не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикла се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а изречени се казни и за други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи информира дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради  побезбедни патишта.

sunwin

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin club sunwin web sunwin web