December 3, 2022 11:10
Македонија

Зајкова: ЛДП не ја поддржува идејата за широка коалиција

Либерално Демократската Партија (ЛДП) не ја поддржува идејата за широка коалиција, промовирана од пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

– ЛДП не ја поддржува идејата за широка коалиција. Нормално во секоја европска земја е опозицијата да е конструктивен коректив на Владата. Важно е власта и опозицијата да соработуваат кога станува збор за важни државни одлуки, изјави за „Локално“, Моника Зајкова – пратеничката од ЛДП.