June 29, 2022 00:27
Свет

Захарова: Шведска е марионета на Велика Британија, а Американците ги диктираат нивните потези

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави за Телеграм дека има мала јавна поддршка за потегот во Шведска и праша зошто нема референдум за промена на политиката.

Захарова ја обвинува Шведска дека е марионета на Велика Британија, пренесуваат медиумите во светот.

„Зборувајќи за пријателите, забележливо е дека американските сенатори беа во посета на Стокхолм на денот на објавувањето на историската одлука. Не обичните конгресмени, туку лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел. Шведска се уште не влезе во НАТО, но Американците веќе им диктираат на шведските власти што да му кажат на својот народ. И ова е само демонстрација на она што им се подготвува. Повеќе од 200 години неутралност, која ги гарантираше безбедноста и просперитетот на Кралството, сега е историја“, изјавила Захарова.

„Па зошто немаше референдум? Само затоа што одамна никој не ја консултирал шведската јавност за ништо. Американците прават потези за Шведска“, напиша Захарова.

go88 events diễn đàn go88 Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến

SunVN TOP 1 Game Đánh Bài Đổi Thưởng - Tải SunWin APK download sunwin bài sunwin