June 26, 2022 03:52
Свет

Захарова со жестока прозивка до Литванија за оценките на руската инвазија во Украина

Литванскиот Парламент едногласно ги осуди руските активности во Украина нарекувајќи ги „геноцид” и „тероризам”, и повика меѓународен суд, по примерот на „Нирнбершкиот процес” после Втората светска војна, да ги процесура одговорните за воените злосторства.

Во Декларацијата поддржана од премиерката Ингрида Шимоните се наведува дека воените злосторства на руските сили во Украина вклучуваат намерно убивање цивили, масовни силувања, присилна преселба на украинските државјани во Русија, како и уништување украинска инфраструктура и национални културни знаменитости.

Со реакција денеска се огласи официјална Москва.

„Земјите кои усвојуваат такви документи, декларации, изјави…се тие што преземаат такви екстремистички чекори. Се се тоа држави-членки на НАТО. Изминатите неколку децении многупати видовме агресивни и незаконски постапки на НАТО, што доведе до бројни загуби на животи”, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Тоа треба да се третира токму како елемент на провокација, екстремизам и политичко лицемерие”, рече таа.