February 26, 2021 14:34
Свет

Захарова се согласува со Помпео за влошените односи меѓу Русија и САД

Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова се согласи со изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон не е подобрен во последните четири години.

– Непријателските и деструктивни чекори преземени од САД за продлабочување на кризата во билатералните односи вклучуваа воведување на разни антируски санкции и де факто уништување на целата архитектура за контрола на оружјето и закани, и едноставно некои апсурдни изјави. На крајот, со жалење велиме дека не се пронајдени начини за подобрување на односите со администрацијата на (Доналд) Трамп, но не и по наша вина, рече Захарова, изразувајќи задоволство од фактот што Твитер профилот на Помпео сè уште не е блокиран и тој може слободно да го каже своето мислење.

Според неа, Русија е подготвена да разговара за контроверзните прашања натрупани во билатералните односи, доколку и американската страна покаже интерес.

– Ние веруваме дека, за почеток, мора да престане манипулацијата со јавното мислење во самите САД, активната русофобична кампања меѓу американскиот народ и да се запре, секако, протокот на лажни вести за нашата земја, која е активно спонзорирана и лобирана од одреден дел од американскиот политички естаблишмент, рече Марија Захарова.

TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) Episode 9 at KissAnime tokyo ghoul kissanime

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement (https://animeheaven.pro/m/zDP2) Episode 1 at AnimeHeaven one piece anime heaven