January 25, 2020 12:01
Свет

Захарова: Европските надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека денес се урнати надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа, без линии на разграничување, кои се родија по падот на Берлинскиот ѕид.

– Поради падот на Берлинскиот ѕид, многумина се радуваа на мирна, просперитетна и обединета Европа, без линии на разграничување. За жал, таквите очекувања пропаднаа. Тие надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид, изјави денеска Захарова на прес-конференција во Москва.

Според неа, мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделливи.

Таа рече дека Русија во својата надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе ги почитува тие принципи и оти од партнерите очекува да се „најдат на половина пат”.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид – еден од симболите на Студената војна. Ѕидот е изграден во 1961 година поради масовното преминување на луѓето од Источна во Западна Германија. Според одредени податоци, до почетокот на 60-те години на Запад пребегнале околу 1,6 милиони луѓе.

Нови вести

Во Вухан ќе се гради уште една наменска болница со 1.300 кревети поради појавата на коронавирусот

Valentina

Помпео скандалозно прекинал интервју со новинарка на Ен-пи-ар

Valentina

Истраги против 5.000 криминални групи во Европа што заработуваат 110 милијарди евра

Valentina