December 2, 2020 00:59
Македонија

Захариева: Бугарија не го оспорува правото на самоопределување на РС Македонија, но бара признавање на историската вистина

Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Ние сме подготвени да ја потврдиме сегашната реалност, но тие треба да ја признаат историската вистина.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за Ројтерс.

-Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на РСМ кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши, додаде таа.

Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок. Но, тоа може да стави вето на официјалниот почеток на пристапните разговори со Северна Македонија следниот месец, ако двете страни не можат да го решат прашањето.