June 23, 2021 05:41
Хроника

Затворен угостителски објект во Дебар поради непочитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19, приведен сопственикот

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била извршена синоќа било констатирано дека не се почитувале одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест Ковид-19. 

-На 15.05.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар. При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул. „8 Септември”, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека за случајот е запознат јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. 

ANIMEFLIX animeflix black butler: Watch Gintama Episode 39

WCOStream wcostream spongebob: Your Lie in April Episode 22