April 20, 2021 18:25
Македонија

Застаре едно од делата на Мијалков, 12 годишната казна затвор се скуси за 3 години

Застаре едно од делата за кое е осуден поранешниот началникот на УБК, Сашо Мијалков, тврди Петар Василев, еден од неговите адвокати во емисијата Код на Телма.

Три години од неговата затворска казна нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор бидејќи таа се уште не е напишана. Ова за КОД го открива неговиот адвокат Петар Василев, а вели дека се работи за делото Примање награда кое е едно од трите во пресудата за Таргет Тврдина.