Скопје

Засилена дезинфекција на јавните површини во Аеродром

Службите на Општина Аеродром продолжуваат со дезинфекција и чистење на јавните површини како една од мерките за заштита од КОВИД-19.

Денеска беа опфатени Детската улица „Тоше Проески“, патеките, просторот меѓу зградите во Ново Лисиче, јавната површина зад „Три бисери“ и спортските игралишта.

Апелираме да останете дома и да ги почитувате препораките од Министерството за здравство.