October 26, 2021 19:58
Балкан

Засега не е договорена средба на грчкиот премиер и турскиот претседател на Генералното собрание на ОН

Официјална Атина не потврдува средба меѓу премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, со оглед на тоа дека според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому не се поклопуваат програмите на двајцата лидери. Според грчките медиуми, турскиот претседател вчера рекол дека ќе се сретне со Мицотакис, додека пак Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека доколу Ердоган го продолжи престојот и достави барање за средба, грчката страна ќе го разгледа и ќе одговори позитивно.

-До овој момент, програмите на двајцата лидери, онака како што е соопштена програмата на турскиот претседател и програмата на грчкиот премиер, покажуваат дека не се поклопува нивното присуство во САД. Засега, ова не е променето. Ако господинот Ердоган го продолжи неговиот престој во САД, со фактот што премиерот нема да биде порано и доколку се достави барање, дипломатски ќе се разгледа и мислам дека ќе се разгледа и ќе се одговори позитивно, објасни Иконому.

На 76-то Генерално собрание на ОН во Њујорк ќе учествуваат министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Дендиас од денеска ги започнува активностите и средбите во Њујорк, а од четврток ќе присуствува на средбите на Мицотакис.

Согласно програмата објавена од Министерството за надворешни работи на Грција, шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со неговите колеги од Гамбија, Коста Рика, Габон, Кипар, Алжир, Саудиска Арабија, Руанда, Панама, Египет, Судан, Филипини, Ерменија, Кенија, Мексико и Гана, а ќе учествува и на трилатералната средба Грција- Кипар- Египет и квадрилатералната Грција- Кипар – Израел- САД.

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

eX-Driver (Dub) (https://4anime.biz/m/9xqX) Episode 6

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Plastic Memories Episode 13

Facer: https://www.facer.io/u/animefreakws

Blogger: https://www.blogger.com/profile/09364928539063079000