November 29, 2022 06:29
Македонија

Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

Неполлна година Град Скопје стагнира, не се развива, не се реализираат нови проекти, а наследените се намерно стопирани.

И сето тоа само заради одредени бизнис интереси на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа најдобро се виде со тендерот од 136 милиони евра за пречистителна станица, кој на површина го извади вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од 10 месеци Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје, тоа е период на неработење, на безидејност и на груба партизација на градската адмнистрација.

Мостовите на улица Љубљанска и булеварот АСНОМ, БРТ системот, Универзална сала, Скопје смарт сити, се само дел од проектите што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги наследија а не ги продолжија, а не е реализиран ниту еден нов проект.

Тоа е директно на штета на Градот и на неговите граѓани.

Наместо на проекти за развој на Градот, ВМРО-ДПМНЕ; Мицкоски и Арсовска биле посветени единствено на тендери и лични бизнис интереси.

Скопјани не заслужуваат ваков неодговорен, расипнички однос, Мицкоски и Арсовска треба да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа на претходните избори.