January 17, 2021 22:41
Култура Скопје

Започнува Скопска фото недела, врвни фотографи и кинематографи и награден фонд за учесниците од 100.000 денари

Денес во 15 часот почнува меѓународниот настан Скопска Фото Недела. Настанот кој оваа година се одржува по 5ти пат ги носи најдобрите фотографски и кинематографски имиња кои на јавноста и ги пренесуваат своите искуства бесплатно за сите граѓани на Македонија. 

Оваа година заради корона вирусот настанот ќе биде онлајн а граѓаните ќе може да го следат на следниов линк: https://www.facebook.com/events/407702710250436/ 

Би сакале да ве информираме дека во рамките на скопската фото недела беше организиран и натпревар. До крајот на рокот беа пристигнати над 850 инстаграм фотографии споделени на хаштагот #SPW2020 и 450 апликации преку емаилДевет членото жири ќе додели една од наградите во вкупна висина од 100.000 денари, за што ќе ја информираме јавноста дополнително.