September 15, 2019 08:07
Македонија

Започна со работа прифатилиште за бездомни и болни кучиња во Тетово

Од јавното комунално претријатие Тетово информираат дека конечно започнале со третирање на бездомните кучиња во градот. Во соработка со приватна ветеринарна ординација која понудила најповолни услови на јавен повик отворено е прифатилиште за кучиња во близина на железничката станица.

-Кучињата кои ќе бидат заловувани ќе ги носат тука и ќе бидат вакцинирани против беснило, а тие што се веќе заразени ќе бидат отстранети. Ќе се прави и стерилизација и кастрација па потоа кучињата согласно стандардите ќе бидат ослободени и вратени од каде што се најдени, изјави ветеринарот Рами Селмани.

Започнувањето со работа на прифатилиштето доаѓа речиси седум месеци откако Општина Тетово на седница на Совет на 31 октомври донесе одлука да се гради стационар и соодветно да се третираат бездомните кучиња.

-Тука имаме 20  боксови или домови за кучињата. Општина Тетово  извдои  500 илјади денари за оваа намена. Годинава со овие средства ќе може да се третираат 248 кучиња, рече Џелал Цека, директор на јавното комунално претпиријатие Тетово.

Граѓаните секојдневно алармираат дека бездомни кучиња се појавуваат низ улиците на Тетово, а чести се случаите кога и напаѓаат. На социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии дури и од глутници кучиња насекаде низ градот па и на самиот плоштад.

Нови вести

Колевски: В понеделник прекинува мандатот и на другите обвионители во СЈО

zane

Разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

zane

Спасовски: Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

zane