Балкан

Започна собраниската седница за избор на претседател на Косово

Во Собранието на Косово попладнево, нешто пред 18 часот, започна седницата за избор на нов претседател на Републиката, јави дописникот на МИА од Приштина.

За нови шефови на државата се предложени Вјоса Османи и Насуф Бејта, обајвцата од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

Според Уставот на Косово, за да биде избран за претседател на државата, за еден кандидат треба да галсаат две третини, односно 80 од пратениците во 120-членото Собрание.

Доколку во првите два круга ниеден од канддидатите не ги добие потребните гласови, во третиот круг се избира кандидатот што ќе освои 61 глас, но под услов да гласале најмалку 80 пратеници. Доколку и во третиот обид не се избере претседател на државата, Собранието се самораспушта и се закажуваат новипарламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 80 дена.

Кандидат на ВВ е Вјоса Османи, додека Бејта, според медиумите е пријавен формално, колку да се запази процедурата.

Денешната седница е продолжение на вчерашната, кога вопрвиот круг, во два обиди не беа обезбедени 80 гласа, односно гласаа 78 првиот пт и 79 вториот пат.

Претставници на ВВ прред денешното продолжение на седницата изјавија дека успеале да обезбедат 80 или 81 глас. 

ANIMEFLIX animeflix my hero academia movie: Watch Tokyo Ghoul Episode 1

WCOStream wcostream harley quinn: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! (https://wcostream.cc/m/mWQe) Episode 3