April 20, 2021 19:46
Македонија

Започна процесот на попишување, со учество во пописот, секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата

По речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации. Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица.
До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.
Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат.
Законот за попис и методологијата се во согласност со меѓународните стандарди и тоа е потврдено и од Евростат.
Граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата и на целиот народ.

 

GoGoAnime gogoanime pro: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 4

AnimeDao animedao one piece: The Promised Neverland (https://animedao.nl/m/Wyxw) Episode 12