November 28, 2021 06:08
Магазин

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение на стилските бои и привлечниот дизајн

Новиот смартфон – HUAWEI nova 9, ќе ве импресионира на неколку начини. Стилскиот и ултра лесен дизајн, одличната камера, моќните перформанси и долготрајноста на батеријата се само неколку од елементите што го прават овој уред исклучителен. Дознајте повеќе за новиот HUAWEI nova 9.

Приказната зад паметниот телефон

 Основата на целата серија HUAWEI nova е иновацијата. Од почетокот на серијата во 2016 година, овие паметни телефони секогаш вклучуваат некои од најдобрите технологии што ги нуди HUAWEI – дизајн, камера, брзо полнење, апликации и многу повеќе. Сега HUAWEI го открива новиот додаток на nova серијата – nova 9. Ова е телефонот токму за вас – динамичен и стилски. Создаден е да биде одличен личен асистент на зафатените, модерни и креативни луѓе кои се активни во секое време од денот.

Камера што ви овозможува да го овековечите моментот, дури и ноќе

Во денешно време, луѓето живеат брзо и се динамични, дури и ноќе. Сакаат да ги доловат убавите моменти што ги доживуваат, дури и ако осветлувањето е слабо. HUAWEI nova 9 со подобрените режими за фотографирање, преку ден и навечер, го овозможува ова.

Благодарение на Ultra Vision системот, кој вклучува основна камера RYYB Ultra Vision од 50 мегапиксели, ултра широкоаголна камера од 8 мегапиксели, камера со длабочина од 2 мегапиксели и макро камера од 4 см, ќе можете да направите исклучителни портрети, панорамски или градски фотографии одблиску и на далечина. Со употреба на Extreme Night Shoot и Night Portrait, можете да направите висококвалитетни, светли, но не премногу експонирани фотографии, дури и при слаба осветленост.

Понекогаш фотографијата не е доволна за да овековечите посебен момент, затоа ви треба видео за да ја имате целата приказна. Nova 9 обезбедува напредни 4К видео карактеристики како што се снимање во 4К со предните и задните камери во еден клип без прекин, AIS Video Stabilization и Night Selfie Video.

Nova 9 ќе ви овозможи да снимите извонредни моменти, како преку фотографии, така и на видео, дури и ноќе. Можете да останете динамични деноноќно и да бидете сигурни дека никогаш нема да пропуштите добра можност за фотографирање.

Дизајн кој одговара на вашиот стил

Бидејќи луѓето секогаш го носат својот паметен телефон со себе, тој стана важен дел од нивниот стил. HUAWEI nova 9, со својот ултра-тенок и ултра-лесен дизајн, во две варијанти на бои – Starry Blue и Black – е модерен и елегантен додаток што ќе го нагласи вашиот стил. Иако nova 9 има голема батерија и широк екран, тој е ултра-лесен и удобен со дебелина од само 7,77 мм и приближна тежина од 175 гр. HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да го истакнете својот стил благодарение на боите и дизајнот кој примамува погледи.

Батерија која ќе издржи цел ден и ноќ

Во денешно време, луѓето постојано брзаат, па затоа очекуваат нивните уреди да бидат во чекор со нивниот секојдневен живот. Траењето на батеријата е една од најголемите грижи со кои се соочуваат корисниците додека ги извршуваат своите задачи во текот на денот. HUAWEI nova 9 располага со 4300mAh Single-Core батерија за да може да понуди долготрајна поддршка. Полнењето до 53% трае само 15 минути, а целосното полнење – 38 минути, благодарение на 66W SuperCharge. Со nova 9, полнењето ќе биде полесно од било кога и нема да треба да менувате планови поради слаба батерија.

HUAWEI nova 9 се напојува со 6-нанометарска мобилна платформа Snapdragon 778G 4G. Моќните перформанси му овозможуваат на телефонот да им асистира на своите корисници во сите секојдневни активности. HUAWEI nova 9 има и технологии за ладење со течност и графен (VC Liquid Cooling & Graphene cooling films), кои интелигентно ја мерат температурата на паметниот телефон и ги регулираат неговите перформанси за да не се загрее и да работи беспрекорно, подолго време.

Паметен како тебе, за тебе

HUAWEI nova 9 е паметен телефон кој ќе ги исполни сите очекувања и ќе ви помогне во секое време од денот. Секогаш можете да сметате на неговата сигурна батерија и моќни перформанси. Исто така, имајте доверба дека без разлика на осветлувањето, секогаш можете да направите одлична фотографија или неверојатно видео. И, конечно, nova ќе го нагласи вашиот стил и ќе ви даде пријатно визуелно искуство секој пат кога ќе го погледнете.

Watch anime online for free at AnimeTV anime tv shows

AnimeFLV: Love Position Halley Densetsu anime episode Full online free at https://animeflv.uk anime stream

Website https://wcostream.cc: Watch Super Street Fighter IV (Dub) wcostream Episode Full animes online

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Website https://animepahe.cc: Watch NIGHT HEAD 2041 animepahe Episode 12 stream anime online