June 24, 2022 06:27
Хроника

Запалена „тојота“ во Аеродром, демолирано „бмв“ во Драчево

На 21.06.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Драчево, И.Б. пријавил дека околу 14.00 часот на бул.„Борис Трајковски”, Р.А. од с.Батинци, скопско, со неговото возило „бмв” го пресретнал возилото „фолксваген пасат” во кое бил тој и С.М.(27), при што им се заканил со пиштол, а го оштетил и нивното возило.

На 21.06.2022 во 02.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.(20) од Скопје пријавила дека во периодот 21.00 часот на 20.06. до 02.00 часот на 21.06.2022 на паркинг на подрачје на Аеродром било опожарено возило „тојота”, сопственост на правно лице, а го управувала пријавителката.

Од огнот делумно било зафатено и возило „форд фокус”, сопственост на правно лице. Повредени лица нема. Се преземааат мерки за расчистување на случајот.

go88 đặt máy chủ ở đâu go88 Go88 - Game bài đổi thưởng uy tín nhất hiện nay

game bài sunwin truc tuyen sunwin nạp tối thiểu bao nhiêu sunwin international