September 23, 2019 22:24
Скопје

Запалена депонија во Сарај, нема казни зошто инспекторите не затекнале сторител

Граѓани од населбите Влае, Нерези, Тафталиџе и Карпош 4 вечравечер се пожалиле на ширење на чад и непријатна миризба кај надлежните во општина Карпош.

Инспектори од општината излегле на терен и утврдиле дека непријатниот мирис кој го чувствуваат граѓаните доаѓа од запалена мини депонија од атарот на општина Сарај.

Пожарот во Свиларе бил веднаш пријавен во скопската Противпожарната служба и во градскиот инспекторат и околу 20:20 часот бил изгасант.

Од општина Карпош информираат дека за ова палаење на депонијата не е изречена казана, бидејќи инспекторите не затекле сторител на локацијата каде што бил пожарот.

Општинските власти потестуваат дека дежурниот број на кој може да се јавуваат граѓани и да пријавуваат локации од каде што доаѓа непријатна миризба и чад од запалено е 078/ 257 640.

Нови вести

Државниот инспекторат откри кој го „бојадиса“ Вардар

Igor

Театар, музика, филм, баскер уметност- Заврши „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Igor

Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на данок на имот и фирмарина за 2018

Igor