February 2, 2023 22:34
Хроника

Запаени два автомобили во Скопје, едниот на Министерство за култура

Денеска (01.12.2022) во 01.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лисец во Лисиче настанал пожар во патничко возило „хјундаи санта фе” со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(42) од Скопје.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 30.11.2022 во 12.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 29.11.2022 околу 22.30 часот на ул.„Никола Мартиновски” настанал пожар во патничко возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за култура.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.