January 27, 2022 07:18
Хроника

Западен Балкан работи на намалување на бројот на жртви на патиштата, ЕУ со амбиција до 2050 година со нула жртви

Повеќе од илјада жртви има на патиштата во Западен Балкан, а за поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи потребен е сеопфатен пристап во кој ќе биде вклучено целото општество – од политичарите до граѓаните. Во земјава, според Националната транспортна стратегија, се предвидува до 2030 година да се намали бројот на жртви на патиштата за 50 проценти, а во завршна фаза е и процесот на формирање агенција за безбедност на патишта која ќе биде извршно, а не советодавно тело.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во земјава има тренд на намалување на бројот на сообраќајни несреќи, но тој треба да продолжи, а тоа зависи од сите чинители во општеството.

Од Секретаријатот на Транспортната заедница и од Европската унија сметаат дека формирањето на Агенцијата за безбедност на патиштата е неопходно за поголема безбедност на патиштата.

– Повеќе работи играат улога како што се патната мрежа, исправноста на возилата и инспекторатот кој треба да си ја врши работата. Го поздравувам формирањето на Агенцијата за безбедност на патиштата која ќе биде еден субјкет кој ќе ги опфати сите овие аспекти. Меѓутоа треба да го спомнеме и однесувањето на граѓаните како учесници во сообраќајот без оглед дали се пешаци или возачи. Сите треба да бидеме свесни и да ги почитуваме правилата, вели Штефан Худолин од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија.

Амбициите на Европската унија се до 2050 година бројот на жртви на европските патишта да се сведе на нула.

– ЕУ ги има најбезбедните патишта во светот. Постојат одредени разлики меѓу државите, но во целина гледано, ЕУ ги има најбезбедните патишта. Имаме амбициозни цели и сакаме до 2050 година да го сведеме бројот на жртви на нула. Тоа не сакаме да го оствариме сами, туку да го влучиме и регионот и Северна Македонија, порача Худолин.

Според директорот на Секретеријатот на Транспортната заедница, Матеј Законшјек, мора да се создаде безбеден систем со кој ќе се намали бројот на жртви на патиштата во Западен Балкан. За тоа, смета тој, потребено е интегрирање на целото општество.

– Мора да ги подобриме условите преку создавање на еден безбеден систем. Не велам дека нема да се случуваат сообраќајни несреќи, но кога ќе дојде до такво нешто, да не биде последено со сериозни повреди и загуба на животи. За да можеме да го потигнеме тоа, потребно е целото општество. Безбедноста на патиштата не е нешто што се однесува на чиста среќа. Тоа е нешто што е во нашите раце, рече Законшјек пред вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан, што денеска се одржува  во Скопје.

dubbed anime. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Redo of Healer Episode 10

sites to watch anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

free anime Naruto (Dub)

GoGoAnime Death Note

online anime Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time