January 20, 2021 13:17
Македонија

Замрзнати сметките и имотот на Трифун Костовски: Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна

Бизнисменот и сопственик на пропадната Еуростандард Банка, Трифун Костовски обелодени дека Кривичниот суд му го замрзнал имотот. Блокадата доаѓа на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Под мраз се ставени, хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство. Отворена е предистражна постапка за четири лица а обвинителството не споделува детали оти во овој дел постапката била тајна.

Со блокирањето на личните средства ми се одзема правото да ја докажам вистината за Еуростандард банка, пишува во колумна за порталот Либертас, Трифун Костовски.

-Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна“

Костовски во колумната посочува дека му е блокиран имотот за кој работел последните 35 години. Инаку Еуростандард банка ја изгуби дозволата за работа во август. Имаше преку 100 илјади клиенти со сметки. На 780 граѓани им се делумно вратени заштедите кои ги чувале во банката. Вкупно до сега се вратени над 70 милиони евра преку Фондот за осигурување на депозите за штедачи кои имале до 30 илјади евра заштеда. Оние со заштеда од над 30 илјади евра бараат владата да ги обесштети во целост и да им ги врати парите а државата да чека да биде обесштетна преку стечајната постапка која се води во граѓанскиот суд. Народната банка ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард зошто не ги исполнувала минимум потребните услови за една банка да работи. Бизнсименот Трифун Костовски во повеќе наврати обвини дека НБРМ е џелатот на Еуростандрд, иако раководството знаело дека за банката има заинтересиран купувач.

Поврзани вести

400 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Igor

Митревски го запре Чиле, Македонија во следнта фаза на мундијалот

Igor

Мијалков: Нема ниту еден доказ дека УБК стои зад прислушуваните разговори

Igor

Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 18 at website https://kissanimeonline.com kissanimefree

The Daily Life of the Immortal King Episode 15 at website https://animefreak.ws anime freak