August 15, 2022 20:41
Македонија

Заменик амбасадорот на Австралија во посета на Охрид

Интензивирање на соработката во бизнисот, образованието и туризмот меѓу Охрид и градови во Австралија било во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Филип Андерсон и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски.

На средбата, како што соопшти Општина Охрид, било разговарано за интензивирање на соработката, особено со збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка.

– Градоначалникот ги запозна гостите со културно – историските знаменитости на градот и со богатата историја со што се отвора поле за соработка во повеќе области меѓу Охрид и Австралија. Заменик амбасадорот Андерсон го увери Пецаков дека е заинтересиран да придонесе во развој на соработката во бизнис сферата, образованието и туризмот, со оглед на фактот дека во охридскиот регион има многу бизнисмени повратници од Австралија, но и жители од регионот кои мигрирале во Австралија. Како идеја произлезе отворањето на канцеларија за комуникација и соработка со Австралија која би се отворила во Охрид, стои во соопштението.

Пецаков и Андерсон се обврзале активно да учествуваат во стимулирањето на невладините организации од Охрид што помасовно да испраќаат проекти за финансирање на повикот што во следниот период треба да го објави Амбасадата.

tải sunwin

sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk tải sunwin