August 20, 2022 01:29
Скопје

Залутана овца во подземниот паркинг на ГТЦ

Видео поставено во групата „Миленичиња“ на социјалната мрежа Фејсбук, покажува дека во подземниот паркинг на Градскиот трговски центар – Скопје залутала овца.

Не е познато како ова исплашено животно се нашло во паркингот на ГТЦ, а за случајот информирана е и полицијата.