December 15, 2019 01:36
Македонија

Законски измени за потпишување Анекс на Договорот со ТАВ

Владата ќе биде подготвена да потпише анекс на Договорот со концесионерот на аеродромите,  турски ТАВ, ако наредните денови бидат усвоени потребните  законски промени за јавно приватно партнерство и концесии, најави денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го Предлог буџетот за следната година.

Со анекс договорот треба да бидат на располагање 35 милиони евра од турскиот концесионер кои не беа инвестирани  во карго аеродром во Штип. Деведесет проценти од тие пари ќе се искористат за изградба на водоводи и канализациски системи, а мал дел за градинки, училишта, спортски сали, најави Заев.

Тие пари се дополнителни на планираните инвестиции во наредниот период во изградба на водоводи и канализациски системи  финансирани од сопствени изори и од кредитната линија од Европската инвестициска банка  и КФВ банката.  Истовремен, информира Заев, преку проекетот за подобрување на општински услуги ќе им се овозможи на оптшините и јавните комунални претпријатија да финансираат инвестициски зафати  согласно со своите приоритети во областа на водоснабдување, одведување отпадни води, управување со цврст отпад и други инвестиции во  општинските услуги.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми во септември годинава најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што  требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип, но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што рече дека треба  да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што потенцираа, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, подготвени се сите договори и треба да се заокружи  ратификацијата.

Нови вести

Дескоска му одговори на Груевски: Вратата ти е отворена, дојди

Igor

Груевски: Ако Десковска најде фирма која со изнуда сум ја презел веднаш да ја конфискува

Igor

Зеќири му возврати на Османи: Со една ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ

Igor