September 25, 2021 01:24
Економија Македонија

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници денеска се пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка.

Согласно овие измени уште 1 100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, ќе можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж.

Со новиот Предлог-закон за стечајци се зголемува опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надомест во износ од 9.242 денари.

Кога ги образложуваа измените од Владата и од МТСП, посочија дека досега со неколку законски решенија бил обезбеден финансиски надомест за 11 420  невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост.

Со последните измени вкупно 13 000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.

Website https://4anime.biz: Watch Esper Mami 4anime Episode 44 4anime is it safe

TwistMoe Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animeheaven.pro: Watch Crimson Wolf animeheaven Episode Full animes online

AnimeKisa: Ninja Scroll (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in free anime

En gravatar: https://en.gravatar.com/kissanimemx

Linktr: https://linktr.ee/gogoanimelol