February 20, 2020 19:26
Македонија

Законот за ЈО е важен за зајакнување на правната држава и треба да биде донесен

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ е оптимист во однос на носењето на Законот за ЈО пред самораспуштање на Собранието.

-Секако дека треба да бидеме оптимисти имајќи предвид дека Европската Унија ни укажува на важноста за донесувањето на новиот Закон за јавното обвинителство, којшто во принцип, она што ние го говориме цело време е дека со новиот Закон за ЈО практично ја воспоставуваме правната држава и помагаме да завладее правдата во нашата држава. Имавте вие прилика како медиуми, преку вас и целокупната јавност да види како ВМРО-ДПМНЕ како несериозна политичка партија правеше опструкција на законот, се со крајна цел заштита на криминалот и криминалците во нивните редови.

Еве сега, после обезбедување и после извесноста на предметите од Специјалното Јавно Обвинителство, односно преземањето на предметите во Републичкото Обвинителство имаме можност да навистина сите ние во рамки на Парламентот покажеме и докажеме, пред нас самите пред се, а секако и пред граѓаните дека навистина се залагаме за воспоставувањето на правната држава и секако не помалку важно дека се залагаме навистина, не само декларативно и со политички флоскули за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија,изјави Костадинов.