Пожар кој избувнал во комплексот на езерото Треска, пожарникарите неможеле навреме да го локализираат бидејќи наишле на затворена капија. Пожарникарите пристигнале на повик па за да си ја завршат работата побарале полициска асистенција за да го скршат катанецот на капијата. По некое време пристигнал директорот на комплексот и отклучил. Пожарот за тоа време се проширил на 3000 метри квадратни, а гореле стрништа и ѓубришта.
– Во 17:15 е пријавен пожар на езеро Треска на површина од околу 3,000 квадрати зафатена од нискостеблеста шума и ѓубриште. Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари и пожарот е локализиран. Но при нашата интервенција наидовме со проблем. Капијата на езерото беше заклучена и не можевме да влеземе да интервенираме, побаравме асистенција од полиција но на лице место дојде Директорот на самиот комплекс езеро Треска и ја отвори капијата. Но беше загубено време за брза интервенција поради затворената капија повеќе од 20-30 минути, изјави командантот на противпожарната бригада – Скопје Владимир Симоновски.