February 24, 2019 04:47
Македонија

Закани на „Титаник 3“:Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата

Закани до обвиниелите на СЈО имало за случајот „Титаник 3“ каде се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Пред да се одложи денешното рочиште, „Сакам да кажам“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.

Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.

Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.

Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.

Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

 

Фетаи возврати: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.

 

Адвокатот ова гласно го негирал, а обвинетите молчеле.

 

Related posts

СДСМ: Антинародното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири неоснована паника, граѓаните се безбедни

Ivona

Одржана 117. владина седница, министрите Албанци говореа на мајчин јазик

Filip

СДСМ: Успехот на Македонија е најголемиот пораз за Мицкоски

Ivona