December 3, 2022 10:39
Македонија

Закажана собраниската седница за гласање на одлуките за продолжување на кризната состојба во енергетиката

На сајтот на Собранието е објавено дека за попладнево е закажана 149-та собраниска седница, на која треба да се изгласаат одлуките за продолжување на кризната состојба во енергетиката, за кои се уште трае комисиската расправа.

На дневен ред е Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со овие одлуки ќе се овозможи кризната состојба за електрична и топлинска енегија да трае и по 30 септември, кога истекува владината одлука за таа намена. Ќе се овозможи шестмесечно продолжување на кризната состојба, од 1 октомври до 30 април 2023.