February 26, 2020 07:40
Свет

Заеднички турско-американски патроли во Сирија

Турските и американските сили ја спроведоа првата заедничка патрола во североисточна Сирија како дел од планот за воспоставување на таканаречена безбедносна зона во тој проблематичен регион, јави Анадолија.

Најмалку 10 турски оклопни возила биле забележани во градот Тал Абиад, откако пристигнале во Сирија, каде им се придружиле на американските возила, додека над нив летале најмалку два хеликоптера.

Турското Министерство за одбрана го потврди почетокот на заедничките патроли со САД.

Турција, која инсистираше на создавање безбедносна зона, се надева дека ќе ги задржи сириските Курди надвор од својата граница. Анкара ги смета сириските Курди за закана, но тие се американски сојузници во борбата против терористичката „Исламска држава”.