October 17, 2021 16:22
Свет

Заедничка декларација на ЕУМЕД-9 по Самитот во Атина

Мирен, стабилен, безбеден и просперитетен Медитеран е стратешки приоритет за ЕУ, пишуваат деветте земји од ЕУМЕД-9 во заедничката декларација од денешниот Самит, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на државите и Владите од Франција, Кипар, Шпанија, Хрватска, Словенија, Италија, Малта, Португалија и домаќинот Грција, во декларацијата по нивниот состанок во Атина, се осврнуваат на Медитеранот, кипарското, мировниот процес на Блискиот Исток, случувањата во Авганистан, како и прашања поврзани со Европската агенда и теми што ја засегаат ЕУ, меѓу кои и пандемијата, но и миграцијата, како и климатските промени.

Пишуваат дека земјите од јужна Европа функционираат како „столб на стабилност во регионот со заеднички пристап во однос на предизвиците и со заедничка визија за иднината на Медитеранот, но и на Европа во целина”.

Паралелно ги повикуваат земјите од регионот да ги почитуваат суверенитетот и суверените права што земјите членки на ЕУ ги имаат во однос на морските зони согласно меѓународното и морското право.

Во заедничката декларација деветте земји истакнуваат дека една од главните меѓународни стратешки предизвици со кои се соочува Европската Унија е како да одговори на мигрантските бранови.

-Инструментализацијата на миграцијата за геополитички цели е нехумана и ги крши човековите права. Несомнено, соработката помеѓу ЕУ и трети земји е клучна за управување со мигрантските бранови, за спречување на криумчарењата мигранти и трговија со луѓе и е суштинска компонента на надворешната димензија на мигрантската политика на ЕУ, пишува во декларацијата.

Следниот самит на деветте медитерански земји членки на ЕУ ќе се одржи во Шпанија

100 Sleeping Princes and the Kingdom of Dreams (https://animekisa.in/m/7D4d) Episode 12

Website https://kissanime.mx: Watch Harukana Receive (Dub) kissanime Episode 12 tower of god kissanime

Birdy the Mighty: Decode 02 (https://animeflv.uk/m/2k2) Episode 12

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Wnyblues: https://wnyblues.org/My-Blues-Society/My-Profile/userId/137786

Community aodyo: https://community.aodyo.com/user/animefreakws