November 27, 2021 17:46
Македонија Скопје

Заев: Ќе поддржиме нов Клинички, две нови градики и ново училиште прво по 40 години во Ѓорче Петров

На денешната граѓанска трибина ”Најдоброто за мојата општина”, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев, истакна дека како во претходните четири години, така и во наредните четири Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат за општините и граѓаните.
”Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и заеднички реализиравме над 7.000 локални проекти. И Ѓорче Петров во овие четири години доживува позитивна трансформација, благодарение на Александар Наумоски и СДСМ.  Сетете се како беше пред четири години а како е денеска во Ѓорче Петров. Пред четири години Волково немаше детска градинка, спортска сала и кружен тек, а денес има, Ѓорче Петров немаше базен, денес има. Ѓорче Петров денес има и најмодерно осветлување, реконструирани улици, реконструирани булевари со поддршка на Град Скопје. И сето тоа го работевме заедно како локална, градска и централна власт. Помагавме и јас и Петре Шилегов овде да се реализираат што повеќе проекти, затоа што и самите знаете дека 12 години оваа општина беше запустена и запоставена.  Денес, четири години подоцна, резултатите се очигледни. Денес во Ѓорче Петров е многу подобро, но ќе биде Најдобро во следните четири години”- рече Заев.
Заев пред  ѓорчепетровци вети дека Владата предводена од СДСМ ќе застане зад изградбата на првото училиште во општината во историјата на независноста, зад изградбата на двете градинки во Ново Село и Дексион, како и зад Клиничкиот центар и се обврза дека ќе се остранат блокадите во Собраните од страна на ВМРО- ДПМНЕ, и дека Скопје ќе добие најмодерен клинички центар, прв по неколку децении.
На крајот на трибината Заев побара од кандидатот за градоначалник  Александар Наумоски да продолжи да ги служа граѓаните и да работи заедно со нив, а на граѓаните им порача да го изберат најдоброто и концептот кој води напред и на 17 октомври, Ѓорче Петров повторно да биде на вистинската страна како многу пати досега.

 

Watch anime online for free at AnimeHeaven black clover anime heaven

AnimeKisa: The Seven Deadly Sins: Cursed by Light anime episode Full online free at https://animekisa.in animekisa

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

AnimeDao: Love, Chunibyo & Other Delusions Lite anime episode 6 online free at https://animedao.nl tower of god animedao