April 15, 2021 10:08
Македонија

Заев ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател наСДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави Зоран Заев, лидерот на оваа партија и премиер на својот фејсбук профил.

.-Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март, напиша Заев.Додава во објавата дека доколку ја добие доверата, со својот нов мандат, најавува досега најголема политичка акција за промена на  начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.-Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Северна Македонија, наведува Заев на фејсбук.