July 26, 2021 03:25
Македонија Скопје

Заев: Цела деценија Скопје беше меѓу најзагадените градови, денес загаденоста е драстичнo намалена

„Цела деценија, над 10 години Скопје беше меѓу најзагадените градови. Денес загаденоста на воздухот е драматично опадната, гледате и самите дека загадувањето речиси и да не беше тема оваа есен и оваа зима. Секогаш кога ќе се преземат мерки има резултати. Тоа секако не е доволно, и Градот, институциите ќе продолжат во оваа насока“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“, која се одржа во Скопје. „Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух“ потенцираше Заев.

Тој најави дека државата стои зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, кој е капитален проект за градот, а најави и уште неколку проекти и планови за подобрување на градот.

„Преку Интервентниот план на инвестиции финансираме изградбата на пречистителна станица за отпадни води тука во Скопје, инвестиција од 136 милиони евра. 120 милиони денари или два милиони евра одвивме за реконструкција на Универзална сала, култниот објект за Скопје за скопјани но и за сите граѓани на нашата држава. Од централниот буџет ја финансираме и изградбата на нов мост и клучка во Момин поток во вредност од шест милиони евра“ кажа Заев.

Како што напомена премиерот, овие проекти чинат 150 милиони евра, а значат подобрување на животот на скопјани, решавање на дел од нивните потреби.

„Замислете само колку вакви проекти ќе се реализираа ако не се фрлеа над 600 милиони евра за фасади, за споменици, за палми, галии и лажен барок колку што потроши режимот на само два квадратни километри. И истите тие, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска зборуваат за Скопје? 11 години ги малтретираа скопјани, го менуваа ликот на зградите, ликот на градот без никави најави и консултации. Ете ги сега истите пак ги малтретираат скопјани и луѓето кои работат овде преку неразумни блокади на сообраќајници. Зошто? За да ги исполнуваат хировите на Мицкоски да му го држат стравот од успехот на државата“ кажа Заев.

4Anime Watch anime online, English anime online HD. Watch What's Up Mechadoc Episode 30

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Uta∽Kata: Shotou no Futanatsu Episode Full

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Izumo Episode 2

KissAnime Tetongravity: https://www.tetongravity.com/community/profile/KissAnimemx/